Тенис за здрав живот

Здравиот живот не подразбира само здрава исхрана, туку комплетна грижа за вашето тело и здравје. Вежбањето без здрава исхрана, и обратно, нема да ви донесе и некакви добри и долготрајни резултати. Во двата случаеви можете да го влошите вашето здравје, или пак за кратко време да ги вратите предходно изгубените килограми.

Затоа, на интернет порталите може да забележиме дека сите доктори, спортисти, инструктори, дури и рекреативци, препорачуваат баланс. Односно, здрава исхрана и спорт. Спортот ве ослободува од дневниот стрес, помага на оние кои имаат проблем со алергии, го забрзува метаболизмот, додава години во животот, и живот во годините.
Сите бенефити од спортот, се закрепени со добрата и здрава исхрана.

Внесувајте овошје и зеленчук, пијте многу вода, избегнете ги благите работи и грицките кои можат да го успорат процесот.

Доколку редовно спортувате, и се храните здраво, со сигурност животот ќе го направите поубав. Ќе се чувствувате полни со енергија во текот на целиот ден, и убаво ќе спиете.

Во нашиот тениски клуб можете да изберете да спортувате Тенис со нашите инструктори и да го комплетирате начинот на здраво живеење.

Тенисот е индивидуален спорт и се што ќе постигнеш одлучуваш сам и секогаш мора да сте 100 % спремни доколку сакате успех.

Од кога и како еволуирал овој спорт и кога се одржал првиот турнир во тенис како што го знаеме денес?

  • Тенисот потекнува или првите негови почетоци се забележани уште во Франција околу 13 век, но оној модерен тенис кој што го знаеме и доста наликува на денешниот секако започнал во Англија уште во 19 век, па оттука и првиот турнир кој што верувам дека е Вимблдон – кој и денес е најатрактивен турнир и таканаречен неофицијално светско првенство во тенис.