Животно дело и RD Open , Мај 2017
Во организација на тенискиот клуб ТК Неготино, под покровителство на компанијата Revolution Development, во периодот од 5-7 Мај 2017 се одржа тениски турнир, а во неделата и свечена церемонија.
Три јубилеи прослави тенискиот клуб од Неготино. Дваесет и пет години од изградбата на неготинските тениски терени и од формирањето на клубот, како и 15 години од постигнувањето на најголемиот успех кога три години едноподруго го држеше вицешампионското место во Македонија.
Награди за животно дело за посебни заслуги и постугнувања во тенисот во општина Неготино добија: Проф. Блажо Лазовски, Александар Јованов – Аџи и Ванчо Лазов – Лири.
Уште еднаш од се срце им се заблагодаруваме за се што направиле за тенисот во Неготино.
Беше организиран и турнир за момчиња и девојчиња РД опен 2017. Победници кај момчињата, до 10 години Матеј Петрески, до 12 години Наќе Петридов. Победници кај девојчињата до 10 години Анастасија Манчева, до 12 години Кристина Јованова.
ТК Неготино и компанијата Revolution Development им честита на победниците и ги охрабруба да продолжат со работа и да донесат многу успеси на тенисот во Неготино. Овој турнир ќе биде традициоанлен.